Печено пиле со зеленчук

Ако сакате да ги изненадите гостите со вкусно печено пиле тогаш ова е идеален рецепт за вас.
За четири порции потребни се:
1 пиле (2 кг од прилика)
2 лажички микс од зачин по ваш избор
1 лажичка сол
Половина лажичка свежо мелен црн бибер
1 лимон
Неколку моркови, компири
Путер
Подготовка:

Измешајте го путерот со миксот од зачини, избришете го пилето и посолете. Намачкајте го потоа со мешавината од путер и зачини. Во тава за печење ставете го зеленчукот, посолете ги исецканите моркови и компири, додадете црн бибер и врз нив ставете го пилето.
Печете еден час на 200 степени. Добар апетит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.