Пивото може да се користи како лек. Еве за што може да се употребува!

Научниците од Холандија открија дека пивото содржи пробиотици, кои играат голема улога во одржувањето на добрата состојба на микрофлората во човечкото тело, како комбинација на различни бактерии. Пробиотиците е докажано дека ја обновуваат рамнотежата во дигестивниот тракт, особено после прележана болест, кога антибиотиците или вежбањето можат да ја нарушат природната рамнотежа во цревата.

Со висока содржина на пробиотици се претежно темните и нефилтрирани пива. Според новата студија на Универзитетот во Амстердам, посилните пива се поповолни во однос на содржината на пробиотици и заситеноста, но препораката е да се консумираат во умерени количини.

Пивото е исто така богат извор на растворливи влакна, кои, како и пробиотиците, промовираат варење и апсорпција на храната. Според англиските научници, две чаши пиво содржат просечно 10 отсто од препорачаната дневна доза на влакна, а некои пива – до 30 отсто.

Заедно со пробиотици и растителни влакна, пивото содржи елементи како што се магнезиум, силициум, калциум и фосфор, кои ја подобруваат рамнотежата на електролитите во организмот и му помагаат брзо да закрепне и да го зајакне имунитетот. Пивото се покажа како главен извор на силициум во исхраната на луѓето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.