Пиво од ѓумбир – полна чаша здравје

Холистичката медицина традиционално користи ѓумбир за лекување на различни здравствени проблеми, вклучувајќи стомачни заболувања и артритис. Пивото од ѓумбир може да се направи од свеж и сушен ѓумбир, шеќер и малку сок од лимон.

Ѓумбирот дава бројни здравствени придобивки и се покажа дека има многу смирувачки ефект врз болките во мускулите и грбот.
Бројни клинички студии заклучија дека ѓумбирот дава значително олеснување за луѓето кои страдаат од дегенеративен или ревматоиден артритис или хронична болка.

Потребни состојки:
200 гр ѓумбир
450 мл прочистена вода
225 гр шеќер
115 мл минерална вода
неколку капки сок од лимета
парчиња лимон (за декорација)

Подготовка:
Во тенџере сварете 2 чаши вода. Додадете ѓумбир (излупен и ситно сецкан). Намалете ја топлината на средно-ниска и варете го ѓумбирот 5 минути. Тргнете го од оган и оставете да отстои 20 минути. Процедете ја течноста низ ситно сито. Отстранете ги парчињата ѓумбир. Направете го сирупот во посебен сад.
Растворете чаша шеќер во чаша врела вода. При сервирање измешајте половина чаша сок од ѓумбир со третина чаша сируп и половина чаша минерална вода. Додадете малку сиров органски мед за засладување. Додадете малку сок од лимета. Вашиот здрав пијалак е подготвен.

Останати предности на пивото од ѓумбир
Ѓумбирот е многу корисен лек за варење и мачнина. Покрај тоа, го намалува лошиот холестерол. Успешно ги намалува и ублажува симптомите на кашлица, настинка и грип. Исто така е корисен за циркулацијата на крвта и спречување на рак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.