Потребни состојки:
Свински шницли
50 г сланина
3 чешниња лук
Зеленчук(пиперка, кромид, праз, морков, домати) по избор
Сол и бибер
Зачини по избор
Луто пиперче
Неколку лажици кисела павлака или кајмак
Начин на подготовка:
Посолете и зачинете ги шницлите. Исечете го зеленчукот на кругови или ленти, по желба. Во тава ставете зеленчук, посолете, додајте зачин по избор и луто пиперче. Измешајте, па наредете ги шницлите.
Врз шницлите ставете тенки парчиња сланина. Замотајте со алуминиумска фолија и ставете го јадењето да се пече околу 30 минути.
Не треба да ставате масло или вода во тавата.
Извадете ги шницлите од рерна, прелијте кисела павлака или кајмак со ситно исечкан лук и вратете во рерна уште 10 минути.