Пилешка салата

Потребни состојки:
350 г пилешки стек
3 лажици мајонез
180 г густ јогурт
50 мл бело вино
2 лажици кари
Целер
Црвен кромид
50 г суво грозје, по желба
Сол и бибер
Малку сок од лимон
Начин на подготовка:
Вареното пилешко месо исечете го на коцки. Ставете го во сад, додајте сечкан целер, суво грозје и исечкан кромид. Промешајте.
За прелив:
Промешајте мајонез, јогурт, вино, кари и сол и промешајте да се соедини.
Прелијте го со сосот пилешкото месо и зеленчукот, промешајте, а по потреба додајте уште сол и бибер. Промешајте и оставете еден час да се излади во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.