Пилешки гради во сос од вино

Состојки:
– 4 парчиња пилешко бело месо
– 50 гр брашно
– сол, бибер
За сос:
– 150 гр путер
– 1 главица црвен кромид
– лук
– 50 гр грашок
– 3 лажици сок од лимон
– сол, бибер
– бело вино
Подготовка:
Исечете ги пилешките стекови на половина и истанчете го секое парче со чекан за месо. Измешајте ги брашното и зачините, извалкајте го месото во смесата и пржете на средно врело масло околу три минути или додека месото не порумени.
Завиткајте ги парчињата во фолија за да останат свежи и топли додека го подготвувате сосот.
За сосот, одделете 50 гр путер и растопете го во сад на умерена температура. Запржете го ситно исечканиот кромид, а при крај додадете го и лукот.
Потоа додадете грашок, сок од лимон и малку бело вино. Оставете сè да покрчка додека не испари вишокот, околу пет минути.
Намалете ја температурата на минимум и додадете го преостанатиот путер додека не се стопи целосно. На крај зачинете со сол и црн пипер.
Месото можете да го послужите со тестенини и сезонска салата.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.