Пилешки гулаш

Овој рецепт на гулаш може да го правите со различни видови месо и да го комбинирате со други јадења.
Потребни состојки:
-500 г пилешко бело месо
-1 главица кромид
-половина страк праз
-1 морков
-1 лажичка сув зачин
-сол, црн бибер
-1 лажичка црвен пипер
-300 мл доматно пире
-200 мл вода
-масло
-1 лажичка магданос
Подготовка:
Исчистете и измијте ги кромидот, празот и морковот, а потоа ситно исецкајте ги. Во тенџере ставете масло колку да го покрие дното. Кога ќе се загрее маслото, додадете го кромидот, пржете кратко па додадете го празот и пржете додека не омекнат. Потоа додадете ги коцките месо, попржете малку па додадете го морковот.
Измешајте, па додадете сув зачин, сол, црн бибер, црвен пипер и магданос.
Додадете го и пирето од домат. Измешајте, па на крајот додадете ја водата. Варете во полупокриен сад на умерена температура.
Повремено мешајте, па доколку има потреба додајте уште малку вода, околу 50 мл за да не загори месото. Гулашот треба да биде малку погуст, не претерувајте со водата.
Оставете малку да се олади, па послужете го гулашот со пире или тестенини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.