Пилешки ролнички со кашкавал и сусам

Пилешки ролнички со два вида кашкавал и сусам кои се подготвуваат лесно.
Потребни состојки:
300 г пилешки гради
50 г рендан пармезан
50 г рендан кашкавал
1 лажица сусам
Малку брашно
Маслиново масло
Половина чаша бело вино
Супа од зеленчук
Сол
Начин на подготовка:
Исечете го месото на тенки шницли и посолете само од едната страна. Ставете ги на даска или чинија со посолената страна одоздола.
Пропржете го сусамот неколку секунди без да додавате масло. Тргнете го од оган и промешајте го со ренданиот кашкавал. Распоредете го филот од сирење и сусам подеднакво на шницлите.
Замотајте ги и затворете ги убаво. Извалкајте ги со брашно, загрејте малку масло и пропржете ги.
По неколку минути додајте вино и оставете да испари. Додајте супа, поклопете и оставете да се вари околу 10 минути на умерена температура. Послужете со салата или зеленчук по желба и прелијте ги со сосот во кој се готвеле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.