Пилешки стек во ароматичен сос од домати, павлака и пармезан

Моментално ова е најпопуларниот рецепт на социјалните мрежи. Со оглед на состојките, делува навистина вкусно и треба да се проба.

Потребни состојки:

3 големи пилешки стека (или 6 пилешки филети претходно исушени со кујнска крпа)
сол
бибер
30 гр брашно
45 мл маслиново масло (по потреба може повеќе)
40 гр несолен путер
3 чешниња лук
лажица сос од домати
½ лажичка суво оригано (по избор)
малку црвена пипер (по избор)
240 мл пилешки булјон
120-180 мл павлака
40 гр пармезан
70 гр сушени домати
малку свеж босилок
Подготовка:

Ако користите пилешки стекови, почнете од најдебелиот крај и пресечете го секое парче стек хоризонтално на половина, така што ќе добиете вкупно шест парчиња. Убаво зачинете ги со сол и бибер од двете страни.

Во чинија ставете брашно и во него валкајте го секое парче. Потоа наредете ги на поголема чинија.

Загрејте го маслото во голема тава на средна температура. Кога ќе се загрее, намалете ја топлината и додадете го путерот. Пржете го месото од едната и од другата страна додека не добие златнокафева боја (околу 5 минути). Додадете масло по потреба. Наредете го месото во чинија.

Намалете ја температурата, додадете го лукот и динстајте околу 2 минути. Додадете го сосот од домати и динстајте 2 минути додека мешате. По желба додадете црвена пипер и оригано. Зголемете го огнот на средна температура и додадете го булјонот.

Оставете да се готви околу 5 минути, односно додека течноста не се намали за половина. Додадете ја павлаката и нежно мешајте додека сосот не се згусне, околу 3 минути. Измешајте го пармезанот и сушените домати. Вратете го пилешкото во тавата и гответе околу 4 минути. Тргнете од оган и послужете со босилок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.