Пилешки ѓувеч

8 пилешки наткопани
1 исечена главица кромид
1 модар патлиџан исечен на коцки
2 пиперки исечени на коцки
4 домати исечени на коцки
2-3 моркови исечени на кругови
250 г кругови чаден колбас
2 исечени чешниња лук
2 лажици ајвар
500 мл пилешка супа
100 г ориз
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Наткопаните запржете ги додека поруменат. Динстајте ги постепено додавајќи од супата додека омекне месото и извадете ги од тенџерето. На преостанатата маснотија испржете ги кромидот и лукот. Додадете ги пиперките, морковите и модриот патлиџан и кратко запржете. Потоа додадете ги доматите и оризот. Зачинете, и по потреба додавајте супа додека оризот биде полусварен.
На крајот додадете ги колбасите и ајварот и динстајте уште 10-тина минути. Во тенџерето вртатете ги наткопаните и динстајте додека се измешаат вкусовите на месото и зеленчукот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.