Пилешко во кари сос

Потребни состојки:
600 г пилешки стек
1 лажичка оригано
За сосот
50 г масло
1 јаболко
1 помала банана
1 лажичка сок од лимон
1 лажичка рендана кора од лимон
50 г кокосово брашно
250 мл млеко
50 г кромид
2 чешниња лук
100 мл сос од домати
1 лажичка густин
2 лажици кари
1 лажичка чили
1 лажичка оригано
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото месо на коцки, посолете го со зачин и и оставете го да отстои околу 30 минути. Промешајте ги млекото и кокосовото брашно и оставете ги да отстојат. Излупете ги и исечкајте ги јаболкото и бананата. Додајте ја и кората од лимон, а врз овошјето истискајте лимонов сок.
Пропржете ги кромидот и лукот. Додајте оригано, чили, кари, сос од домати и малку вода. Продолжете со динстање, па додајте го млекото со кокос, а потоа ренданите јаболко и банана. Варете околу 20 минути додека да ја добиете посакуваната густина, а потоа испасирајте. Вратете го сосот во тава, додајте го пилешкото месо и варете околу 15 минути. На крај додајте густин разматен со малку вода и варете го кратко. Послужете го ориз и исечкан магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.