Потребни состојки:
2 лажици масло
100 г црвен кромид
2 чешни лук
200 г ориз
500 мл врела вода
1 кокошкина коцка за супа
100 г грашок
120 г морков
2 лажици маслиново масло
600 г пилешко бело месо
сол, бибер
50 г рендан пармезан
Начин на подготовка:
На загреано масло ставете да се испржат кромидот и лукот, па додадете го оризот и мешајте околу две минути. Во врелата вода додадете ја коцката супа и со истата прелијте го оризот, па додадете ги грашокот и морковот.
Пилешкото месо исечете го на помали парчиња и пржете го на загреано маслиново масло, додека не добие златесто жолта боја. Во огноотпорен сад ставете го оризот со зеленчукот. На површината распоредете го пилешкото месо и прекријте со фолија. По желна додадете уште зачини.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. потоа извадете ја фолијата, наросете рендан пармезан и вратете уште малку да се запече.
Послужете со вашата омилена салата.