Брз и вкусен ручек…
СОСТОЈКИ:
600 гр пилешко месо
1 лажица црвена пипер
50 гр путер
700 гр праз
сол
сув зачин
1 дл кисела павлака Пекабела
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пилешкото исечкајте го на парчиња. Празот измијте го и исечкајте на кругови. На путер пропржете исечкано месо, посолете и додајте праз, зачин и пипер.
Динстајте, додавајќи малку вода, додека не омекне. На крај додајте кисела павлака. Послужете со компир пире.
Добар апетит!