СОСТОЈКИ:
800 гр пилешко филе
масло
2 лажици путер
1 лажица пченично брашно
1/2 лажица сенф
ворчестер сос
250 гр чедар сирење
1 мала лажица магдонос
2 дл павлака за готвење
бујон од зеленчук
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На растопен путер кратко испржете го брашното, залијте со 1 дл студен бујон со непрекинато мешање, додајте ги сите останати состојки освен месото и магдоносот кој се додава на крај.
Кога ќе зоврие, гответе уште 12 минути со често мешање, доколку е потребно додајте уште бујон, сол и биебр.
Пилешкото запечете го на загреана тава од двете страни, посолете, побиберете, ставете во претоходно загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
Месото послужете го со подготвениот сос