Пилинг од куркума за совршено лице

Куркумата е една од најлековитите и најдрагоцени зачини на светот. Таа помага при разни кожни заболувања, ја ублажува воспалената кожа, ја намалува хиперпигментацијата, му дава здрав сјај на лицето и се бори против слободните радикали.
Пилингот од куркума е одличен за кожата бидејќи длабински ја чисти, успешно ги отстранува сите мртви клетки и другите нечистотии од површината на кожата, ја поттикнува циркулацијата и го спречува настанувањето на акни.


По редовното користење на овој пилинг ќе забележите одлични резултати. Имајте на ум дека сè што ставате на вашата кожа продира во вашиот крвоток за само 20 минути, па затоа е подобро да користите само природна козметика.
Пилинг од куркума
Потребни состојки:
• ½ лажичка куркума
• ½ лажичка брашно (јачменово, ‘ржано…)
• неколку капки вода или хидролат
Припрема и употреба:
Припремете ја смесата непосредно пред употребата. Измешајте го правот од куркумата заедно со брашното и додадете неколку капки вода за да добиете хомогена смеса. Со кружни движења вмасирајте го пилингот на лицето, вратот и деколтето, а потоа измијте со млака вода.
Напомена: куркумата има силна жолта боја па затоа е потребно добро да го измиете лицето со цел да ја избегнете појавата на жолти дамки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.