Пилинг од морска сол за нежна кожа и помалку целулит

Главната цел на пилингот е отстранување на нечистотиите и мртвите клетки од кожата. Пилингот ја стимулира циркулацијата и допринесува за подмладување на клетките на кожата.
Пилингот од морска сол не само што може да ја исчисти кожата, туку помага и во отстранување на целулитот.


Еве како да го подготвите:
– една лажица морска сол;
– една лажица алое вера гел;
– пет капки етерично масло од лаванда.
Сите продукти измешајте ги внимателно.
Како да го користите пилингот?
Смесата втријте ја во кожата со кружни движења. После пилингот искапете се со млака вода.
Кои се бенефитите од овој производ?
Алое верата ја хидрира кожата, додека лавандата е природен антисептик и ја потпомогнува циркулацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.