Карфиолот може да послужи како одлична замена за компирот, а покрај тоа што е исклучително здрав, содржи многу малку калории, па затоа е идеален доколку внимавате на линијата. Карфиолот има прилично неутрален вкус, па затоа е важно да се најде трик за негова подготовка, а ќе биде особено кремаст ако додадете пилешки густин.
Додека повеќето луѓе знаат за рецептот за мусака од карфиол, можете да го пробате и овој за пире од карфиол што совршено оди со секое месо.
Потребни состојки:
1 карфиол
1 кромид
4 чешниња лук
1 шолја супа од пилешко
30 gr путер
сол
Подготовка:
Во поголемо тенџере растопете го путерот на средна температура. Додадете исечкан лук и кромид и пропржете со постојано мешање додека не пожолтат. Намалете ја температурата по потреба за лукот да не изгори. Додадете исчистен и исечкан карфиол и пилешката супа. Покријте, динстајте и варете со прилагодување на температурата додека карфиолот целосно не омекне – околу 15 минути. Отстранете го капакот и оставете ја целата течност да врие додека не испари. Потоа карфиолот изматете го во блендер или со миксер за да добиете мазна текстура на пирето. По желба украсете со магдонос.