ПИРЕ ОД МОРКОВИ: Не би ви паднало на памет, но е здраво и со прекрасен вкус

Потребно е:
три средни моркови
мало чешне лук
третина од чаша чиста пилешка супа
две лажици кисела павлака
лажица путер
сол
бибер
Подготовка:
Морковите исчистете ги, исечете ги на парчиња и варете ги во солена зовриена вода додека не омекнат. Потоа ставете ги во сад и убаво изгмечете ги, па додајте ја супата, сечканиот лук, путерот и павлаката. Се мати со миксер, па се зачинува.

Пронајдете не на следниве мрежи: