Писмо со сомнителна содржина најдено во воена база во САД

Разузнавачката агенција на американската армија објави во вторникот дека тестирањата извршени врз писмо упатено во воена база откриле „можни биолошки отрови“.Писмото го откриле службите на DIA (Defence Intelligence Agency) во вторникот наутро по локално време во базата Анакостиа-Болинг во сојузната американска држава Вашингтон, соопштил портпаролот на военото разузнавање. Претставници на наведената воена база за Reuters потврдиле дека имало „инцидент со опасен материјал“. Од DIA, пак, одбиле да дадат подетални информации додека не биде завршена истрагата.Американскиот републикански сенатор Роџер Викер од сојузната држава Мисисипи минатиот вторник прими писмо со отровен рицин. Такво писмо со отровот рицин беше откриено и во поштата адресирана на Белата куќа за претседателот Барак Обама. Претставник на службата за безбедност на американскиот Сенат изјави дека независна лабораторија потврдила дека писмата содржеле рицин.Рицинот е отров од растително потекло, евтин е и лесно се произведува. Доколку биде вдишен може да предизвика проблеми на дишните патишта, а доколку биде проголтан смртоносен е дури и во мали количества.Минатиот четврток американското министерство  за правда објави дека е покренато формално обвинение против 45-годишниот Пол Кевин Кертис, уапсен претходниот ден за испраќање на писмото со отровот рицин за претседателот Обама. Меѓутоа, во вторникот, Reuters доби потврда од службата на федералните американски маршали дека Кертис бил ослободен со кауција.Тој е обвинет за загрозување на претседателот и други високи политички функционери, за што му се заканува казна до 15 години затвор. Самиот Кертис ја негира дека има вина.Адвокатот на обвинетиот изјави дека Кертис е со своето семејство. Според сознанијата на Reuters, за време на пребарувањето на домот и возилото на обвинетиот, не биле откриени ниту отров, ниту состојки за негово подготвување. Сепак, истражителите сметаат дека Кертис можеби во меѓувреме успеал да ги прикрие доказите и да се ослободи од сите елементи што може да го товарат.Како што е најавено, по случајот Кертис  се очекува подоцна прес-конференција на претставници на американските власти и безбедносните служби.
МакфаксРазузнавачката агенција на американската армија објави во вторникот дека тестирањата извршени врз писмо упатено во вое

Пронајдете не на следниве мрежи: