500 г кори за пита
400 г мелено месо
400 г рендани компири
2 главици кромид
4 јајца
магдонос
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Кромидот ситно исечете го и испржете го. Додадете го меленото месо и откако ќе се испржи додадете ги компирите. Посолете, додадете црн пипер и мешан зачин, и тргнете од оган. Додадете ги исечканиот магдонос и јајцата, и промешајте го филот.
Во тава за печење редете по 3 кори, попрскани со масло и нанесувајте фил. Исечете ја питата на парчиња и печете ја 30 минути на 200 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.