Пита со печени пиперки

СОСТОЈКИ:
400 г кори за пита
300 г печени пиперки
150 г шампињони
150 г сирење
150 г шунка
4 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пиперките испечете ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки.
Измешајте фил од печените исечкани пиперки, исечканите шампињони, шунката и изренданото сирење.
На дното од тавата ставете две кори и нанесете фил. Повторно ставете две кори, нанесете фил и доредете ја питата додека не ги потрошите состојките. Завршете го редењето со кора и исечете ја питата на коцки. Прелијте со мешавина од изматени јајца, јогурт и масло. Печете 45 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.