Пита со пилешко во сос од павлака

500 г пилешки гради
500 г замрзнат мешан зеленчук со ориз
500 мл павлака за готвење
100 г кашкавал
6 кори за пита
масло, сол и мелен црн пипер
Месото исечкајте го на коцки, посолете го, зачинете го со црн пипер, па запрежете го во тава. Додадете го зеленчукот и динстајте 15-тина минути.
Во тркалезна тава наредете 3 кори и секоја попрскајте ја со масло. Врз нив нанесете ја содржината од тавата и прекријте со преостанатите кори. Прелијте со павлака и изрендајте го кашкавалот. Печете 15-тина минути на 200 степени или додека порумени.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.