Пита со праз (со готови кори и прелив од квасец)

Состојки
500 гр тенки кори за пита
Прелив
200 мл млеко
1 коцка квасец
1 лажичка шеќер
5 лажици брашно
1 лажичка сол
100 мл масло
Фил
3 страка праз
150 гр фета сирење
150 гр урда
2 јајца
1 филџан вода, масло за јадење, сол

Питава е одлична и многу брзо се прави бидејќи е со готови кори. Прекрасен брз ручек, доручек или вечера како сакате….
Фил
Празот ситно се сецка и се динста со околу еден филџан вода, додека испари водата. Потоа се додава малку масло и се запржува многу кратко.Тука се додаваат урдата и фета сирењето и се убаво се меша. На крај се додаваат јајцата и повторно се меша.
Прелив
Во млакото млеко се додава шеќерот квасецот и брашното и се остава да се активира. Кога е активиран квасецот се додава маслото и солта.
Постапка
Врз намрсен и набрашнет плех се реди една кора и со четка се мачка од преливот. Потоа се реди втора кора и таа се мачка со прелив, па третата исто така. Врз третата кора се става половина од филот.
Се редат уште две кори намачкани со прелив, па другата половина од филот.
Се завршува со кора намачкана со прелив.
Питата се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.