Пита со спанаќ и сирење

Оваа вкусна солена пита ќе му се допадне на целото семејство. Рецептот е идеален за ручек или вечера.
Потребни состојки:
300 г брашно
150 г путер
1 јајце
1 мала лажица сол
250 г спанаќ
250 г блитва
100 г брокула
4 јајца
4 дл јогурт
100 г фета сирење
Сол и бибер
Лажица маслиново масло


Начин на подготовка:
Измијте блитва и спанаќ и исечкајте ги. Исто така измијте ја и брокулата и разделете ги гранчињата.
Подгответе го тестото. Во брашното додајте сол и путер. Промешајте побргу бидејќи путерот не треба премногу да се растопи. Додајте јајце и замесете го тестото.
Обликувајте го тестото и замотајте го со фолија, па оставете го во замрзнувач околу 15 минути.
Загрејте го маслото. Во тава додајте спанаќ и блитва, посолете и попарете, па оставете ги 2-3 минути. Додајте брокула и изгмечете ги сите состојки, па тргнете од оган.
Во сад изматете јајца, додајте јогурт, зачинете по вкус и промешајте. Исечкајте го сирењето на коцки. Извадете го тестото од замрзнувач и расукајте го. Префрлете го во тава и печете го 10 минути на 180 степени.
Потоа, врз тестото ставете го зеленчукот и прелијте со јајце и јогурт и додајте парчиња фета сирење. Печете од 30-40 минути на 180 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.