1 кг брашно
околу 600 мл млака вода
100 мл масло
1 свеж квасец
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
1 кг тиква
1 кесичка цимет
Тиквата излупете ја и изрендајте ја. Оставете да се исцеди и измешајте ја со циметот.
Од брашното, шеќерот, солта, квасецот, маслото и водата замесете тесто. Поделете го на 8 делови и формирајте топчиња. Премачкајте ги со масло и оставете ги да стасуваат 15-тина минути.
Од првото топче расукајте тенка кора и премачкајте ја со масло. Нанесете од тиквата, свиткајте ролат и во круг свиткајте го во тава за печење. Продолжете да сукате кори, филувајте и во круг редете ги ролатите во тавата. Печете ја питата 30-тина минути на 200 степени.
Доколку повеќе сакате слатка пита во тестото додадете сосема малку сол. Во ренданата тиква додадете шеќер по вкус, а испечената пита наросете ја со шеќер во прав.