Пита со тиква

6 јајца
150 г шеќер во прав
400 г брашно
150 г маргарин
600 г исчистена тиква
200 г шеќер
100 г мелени ореви
50 г брашно
1 кесичка цимет
1/2 лажичка ѓубир
200 мл слатка павлака
Во сад ставете 400 г брашно, маргаринот, шеќерот во прав и 1 јајца. Со рака замесете тесто и оставете го во фрижидер 1 час.
Тиквата исечете ја на парчиња и испечете ја. Излупете ја и изгмечете ја со алатка за пире. Додадете ги преостанатите 3 јајца, шеќерот, циметот, оревите, павлаката и 50 г брашно, и промешајте го филот.
Од тестото со сукалка развлечете кора и ставете ја во намрсена тава. Избоцкајте ја кората со виљушка и врз неа нанесете го филот. Печете 15 минути на 200 степени и уште 30 минути на 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.