четврток, 12 ноември 2026
Најново

Питер Габриел сака животните да се приклучат на интернет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Британскиот пејач Питер Габриел го претстави на реномираната конференција TED којашто се одржува во американската сојузна држава Калифорнија, проектот за разбој на нови интерфејси кои би им овозможиле на животните да се приклучат на интернет.„Најневеројатното помагало коешто човекот кога и да е го измислил несомнено е интернетот. Што би се случило кога би можеле да развиеме нови интерфејси, аудио и видео, коишто би ни овозможувале комуникација со различните видови со коишто ја делиме планетата“, смета Питер Габриел.Иницијативата на поранешниот пејач на легендарната група Genesis, ја има поддршката од Винт Серф, еден од пионерите на интернетот, од Дијана Рејс, психолог позната по нејзината работа на интелигенцијата на делфините, како и од Нил Гершенфелд, професор на реномираниот Технолошки институт Масачусетс (MIT).Гершенфелд притоа смета дека е важно „да се научи да се комуницира со видовите со коишто се разликуваме, но со кои ја споделуваме чувствителната околина“. „Тие други видови би требало, исто така, да се приклучат на мрежата“, додал професорот.Почетниот капитал наменет за овој проект би требало да овозможи изработка на тактилен екран преку кој делфините би биле поврзани со интернет, смета Дијана Рејс.
МакфаксБританскиот пејач Питер Габриел го претстави на реномираната конференција TED којашто се одржува во американскат

Поврзани вести