Пицата е омилено јадење на многу генерации. На забави со семејството и пријателите, на прослави и родендени, таа е секогаш присутна. Постојат многу различни начини на нејзина подготовка, а од мноштвото рецепти, денес ви го предлагаме овој.
Совршен предлог за денешниот ручек: Пица од месо
Потребни состојки за тесто:
500 г брашно
250 мл вода
70 мл масло
15 г квасец (3-4 гр сув)
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
Начин на подготовка на тестото:
Во топла вода издробете квасец и додајте шеќер, па измешајте.
Додајте половина од брашното и речиси целото масло, оставете малку да се намасти околу тестото, кога ќе се замеси и сол, па измешајте со лажица.
Како што го додавате остатокот од брашното, така и мешајте.
Кога тестото веќе не може да се меша со лажица, измесете го лесно со раце, само обликувајте го. Не е потребно долго месење бидејќи тестото ќе биде добро изработено со лажица.
Додајте го остатокот од маслото и оставете да кисне 30 минути. Тестото ќе биде меко и лепливо.
Работната маса посипете ја со брашно и лесно премесете го тестото.
Од оваа мера има тесто за две големи фамилијарни пици. Тестото е меко и може да се развлече со раце.
Потребни состојки за фил:
500 г мелено месо по ваш избор,
1 чешне лук,
1/2 дл масло (маслиново или обично по избор),
2 поголеми свежи домати,
100 г чадена шунка,
200 г моцарела сирење,
оригано,
сол и бибер.
Начин на подготовка на пицата:
Додајте сол, бибер, масло, сечкан лук во месото и добро измешајте и пропржете го во тава на оган.
Исечете го доматот на коцки. Вклучете ја рерната на 250 °С.
Наредете ја мешавината од месо врз растегнатото тесто со дебелина што ви одговара најдобро, но не повеќе од 1 см.
Додајте ги доматите над месото и посипете со оригано. По желба додајте шунка и моцарела. Сето тоа ставете го во загреана рерна и печете 15 минути.