Пијани Дедо Мразовци направиле хаос: Се обиделе да влезат во село со оклопно возило, па се заглавиле во тесна улица со кал

Група пијани Дедо Мразовци направија хаос кога се обиделе да возат оклопно возило на армијата низ мало село во Корнвол, Велика Британија. Неколку жители ги снимиле Дедо Мразовците како „се забавуваат“ откако очигледно премногу уживале во „божиќниот дух“.

Жителите беа бесни кога воено возило се заглави и го блокираше пристапот до нивните убаво украсени улици. Група млади мажи се спуштиле во едно село во Корнвол, облечени како Дедо Мраз, а се возеле во стар оклопен транспортер.

Но, кога оклопниот транспортер во кој се наоѓале Дедо Мразовци се заглавил на улица во Корнвол морала да реагира полицијата.

Дедо Мразовците, за ​​кои се верува дека биле на Божиќна забава во пабовите, се заглавиле во Марш Лејн во близина на Хејл во Корнвол, југозападна Англија.

Рибарот Иан Џепсон, кој направи видео од заглавените Дедо Мразовци, што го објави Би-Би-Си, вели дека поради нив сообраќајот бил блокиран околу два часа.

Џепсон рече дека пееле, се забавувале, а следниот момент останале заглавени, што изгледало прилично смешно.

„Тие поминаа покрај мене пеејќи и подоцна ги најдовме заглавени таму каде што се стеснува лентата“, објаснил рибарот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.