Од МВР информираат дека е уапсен беровец кој управувал возило со 2,62 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода.
-На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.



