Пијан печен компир

Во период на самоизолација, кога имате повеќе време да им се посветите на најблиските, одвојте време и за да ги израдувате со некој нов рецепт.
Состојки:
– 750гр. компир
– 2 лажици маслиново масло
– 200мл. суво бело вино
– 5 гранчиња мајчина душица
– сол, бибер


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирот исецкајте го на мали парчиња, а потоа префрлете го во сад, прелијте го со маслиново масло, посолете, додадете бидер и измешајте.
Компирот наредете го во длабок, подмачкан плех за печење. Прелијте со вино и распоредете ги гранчињата мајчина душица.
Печете 15-20 минути. Кога виното ќе испари, компирот многу брзо ќе стане крцкав, па внимавајте да не ви загори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.