Се изгубил на Пелистер, но успеал да се симне до Нижополе

Планинар се изгубил на Пелистер, но успеал самостојно да се симне до Нижополе.
Планинарот беше изгубен на подрачјето на националниот парк Пелистер и по него беше организирана спасувачка акција.

Центарот за управување со кризи соопшти дека планинарот иако го загубил мобилниот телефон и се движел во лоши временски услови со густа магла, безбедно пристигнал во селото и се засолнил во една куќа, од каде телефонски известил дека е жив и во стабилна состојба.
– Екипите се упатени кон селото Нижеполе за да го преземат и безбедно да го транспортираат до Битола, информираше ЦУК.

Пронајдете не на следниве мрежи: