Планот за Кипар предизвика пад на цените на акциите на Волстрит

Цените на акциите на Волстрит паднаа во понеделникот, најмногу во банкарскиот сектор, бидејќи инвеститорите стравуваат дека предлогот на Европската унија за оданочување на депозитите во кипарските банки би можел да биде закана за стабилноста на финансискиот сектор во еврозоната.Dow Jones ослабна за 0,43 отсто, на 14.452 поени, S&P 500 падна за 0,55 отсто, на 1.552 поени, а Nasdaq се намали 0,35 отсто, на 3.237 поени.За да добие помош од ЕУ во вредност од 10 милијарди евра и на тој начин да го избегне банкротот, Кипар би требало да воведе данок до 10 отсто на депозитите во банките. Овој предлог предизвика протести на кипарските граѓани и масовни подигање на штедните влогови.Берзите, исто така, бурно реагираа бидејќи таквиот потег, велат аналитичарите, би претставувал посебен загрижувачки преседан, кој би можел да ги поттикне штедачите и во другите држави, кои не се во срцето на еврозоната, да ги повлечат парите од локалните банки.Поради тоа вчера на европските берзи цените на акциите на банките остро паднаа. Ниту американските банки не минаа многу подобро, па индексот на банкарскиот сектор се намали за еден отсто.Прелевањето на проблемите од Кипар на остатокот на еврозоната би можел сепак да биде ограничен со оглед на посебноста на островото, вклучувајќи ја и големината на неговиот банкарски сектор во однос на економијата.Колку невообичениот предлог го вознемири инвеститорите, покажува скокот на VIX индексот на „страв“на Чикашката берза на опции за над 18 отсто.Минатата недела тој индекс падна на најниско ниво во последните шест години, но вчера инвеститорите засилено ги осигуруваа своите портфолија од можен натамошен пад на цените на акциите.
МакфаксЦените на акциите на Волстрит паднаа во понеделникот, најмногу во банкарскиот сектор, бидејќи инвеститорите стравуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: