Планот на Трамп за Венецуела се остварува: Шеврон и Шел се на работ да ги преземат нафтените полиња

Меѓународните нафтени гиганти „Шеврон“ и „Шел“ се приближуваат кон првите големи договори за производство на нафта со Венецуела откако САД го уапсија претседателот Николас Мадуро во јануари , објави Ројтерс.

Извори запознаени со ситуацијата истакнуваат дека договорите би им овозможиле на двете компании да го зголемат производството во посакуваните нафтени региони во таа јужноамериканска земја.

Ова се најголемите достигнувања досега во однос на реализацијата на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека 100 милијарди долари ќе бидат потрошени за обнова на нафтената индустрија на Венецуела по децении лошо управување и недоволно инвестирање под водство на Мадуро и неговиот претходник Уго Чавез.

Кон крајот на јануари, Националното собрание на Венецуела одобри сеопфатна реформа на главниот закон за нафта во земјата.

Ова им дава автономија на странските компании да работат, извезуваат и продаваат венецуелска нафта дури и кога се малцински партнери на државната нафтена компанија PDVSA.

Според изворите, „Шеврон“ и енергетскиот орган на Венецуела се согласиле за прелиминарните услови за проширување на најголемиот нафтен проект на американската компанија „Петропиар“ во огромниот појас на Ориноко.

Договорот би му дал на „Шеврон“ права за производство од докажаното нафтено поле Ајакучо 8, кое се наоѓа јужно од Петропијар.

The post Планот на Трамп за Венецуела се остварува: Шеврон и Шел се на работ да ги преземат нафтените полиња appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: