Платил 3,7 милиони долари за една вечер со Меган Фокс

Ју „Мартин“ Ксу, бизнисмен од Кина, кој барал љубов на погрешни места, пред извесно време бил „ограбен“ од извесна „ескорт агенција“, за ни помалку, ни повеќе, туку 3,7 милиони долари.
Овој не така бистар деловен човек тврди дека платил за секс со топ-моделот Кендис Свејнпол и со глумицата Меган Фокс, позната по филмовите од серијалот филмови „Трансформери“.


Сосема (не)очекувано, ниту една од овие две убавици не се појавила на догорените состаноци, па незадоволниот клиент одлучил да ја тужи агенцијата.
Од агенцијата сепак, не признаваат дека го измамиле Ксу, но нивната одбрана за на суд се уште се подготвува. За расплетот на целата оваа ситуација ќе треба да почекаме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.