Плескавици од бело месо и тиквички

Брз и лесен летен ручек, а вкусен за целото семејство.
Белото месо можете да го комбинирате со различни намирници, а можете да го подготвите и на скара, пржено…

Во комбинација со тиквички, направете фантастични ќофтиња и брзиот летен ручек е готов. Плескавиците најчесто се прават од мелено месо, но оваа комбинација на состојки е хит. Послужете ги со салата или некој прилог, на пример грашок на француски начин.

Потребни состојки:
1 кромид
2 чешниња лук
1 лажичка блага пипер
2 јајца
1 пилешко филе
1 тиквичка
4 лажици овесни снегулки
2 лажици пармезан
1 лажичка италијански зачини
сол

Подготовка:
Изблендирајте ги кромидот, лукот, солта, благата пипер и јајцата, а потоа додадете го белото месо и сè убаво измешајте во блендерот. Тиквичката изрендајте ја, па посолете ја и оставете ја да отстои 10 минути. Добро процедете ја и додадете ја во смесата со месото. Исто така, изблендирајте ги овесната снегулки и додадете ги во месото, па додадете пармезан и италијански зачин. Сè добро соединете. Извадете со лажица и истурете во тавче во кое сте загреале малку масло. Пржете од двете страни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.