Плескавици од брокула

Потребни состојки:
-една поголема брокула
-еден помал компир
-2 млади кромидчиња
-2 јајца
-магданос
-сол, бибер
-шолја овесни снегулки
-моцарела
-брашно
-масло
Начин на подготовка:
Сварете ја брокулата, убаво исцедете и оставете ја да се олади.
Компирот исечете го на кругови и сварете го во посолена вода. Исцедете, додадете ја брокулата и со виљушка изгмечете го зеленчукот.
Младиот кромид и магдоносот исечете ги ситно и заедно со јајцата и овесните снегулките додадете ги во мешавината од брокула и компир, па добро замесете ги состојките.
Солта и биберот додадете ги на крајот, измешајте убаво па почнете да правите плескавици. Парчињата моцарела стиснете ги во плескавиците, да не се гледаат, па набрашнете ги и пржете на загреано масло.
Пржете ги плескавиците од двете страни, а потоа оставете да се оладат пред служење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.