Состојки:
– 450 гр замрзнат зеленчук (моркови, грашок, пченка)
– 250 гр црвен грав (мала конзерва)
– 1 зелена тиквичка
– 3 компири
– 1 јајце
– 10 лажици брашно
– презла
Подготовка:
Сварете го замрзнатиот зеленчук во солена вода, а потоа исцедете го. Излупете ја тиквичката, изрендајте ја и сварете ја во солена вода. Исцедете го гравот од конзервата.
Исцедете го варениот компир, а потоа додадете едно јајце, зеленчукот, гравот и додадете брашно, постојано мешајќи.
Смесата треба да биде густа за да може да се обликува рачно.
Потоа обликувајте плескавици со влажни раце, извалкајте ги во презла и пржете ги во врело масло од двете страни додека не поруменат.
Може да ги печете и во рерна, без да ги извалкате во презла. Обликувајте ги со малку масло на дланките, ставете ги на хартија за печење во плех и печете ги во загреана рерна на 180 степени Целзиусови по 10-тина минути од секоја страна или додека не се потпечат по ваша желба.
Послужете ги со риба или во сендвичи со свежа зелена салата.
Добар апетит!