Идеја за вкусен и лесен ручек.
Потребни состојки:
1 помали тиквички
80 г пченично брашно
50 г пченкарно брашно
Лажичка печен сусам
Малку сечкан магдонос
Сол и бибер
Прашок за печиво
80 мл вода
Начин на подготовка:
Измијте ги тиквичките, изрендајте ги и посолете ги да пуштат вода. Во сад измешајте ги сите состојки од рецептот и додајте ги исцедените тиквички.
Од добиената смеса со влажни раце направете плескавици. Пржете ги во врело масло за да добијат златеста боја.
Послужете со сезонска салата по избор.