Направете вкусни плескавици со пиперки.
СОСТОЈКИ:
1 кг. црвени и зелени пиперки
2 јајца
3 лажици брашно
200 гр. презла
црвен пипер, вегета, бибер и масло
ПОДГОТОВКА:
Се сечат и чистат зелените и црвените пиперки ситно и се ставаат во длабок сад.
Се додаваат матени јајца со зачините и брашно.
Се обликуваат плескавици со масни раце и се пржат на врело масло во тава откако ќе се извалкаат во презла.