четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЗЕЛЕНСКИ: Победата на Украина против Русија ќе ги запре идните агресори и ќе го промени светот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека победата на Украина против Русија ќе го промени светот и ќе ги запре идните агресори. Зеленски оваа изјава ја дал во своето денешно обраќање пред британските пратеници во Лондон.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Победата ќе го промени светот и тоа ќе биде промена која на светот долго му требаше“, рече Зеленски, кој е во прва посета на Велика Британија откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари минатата година.

„Обединетото Кралство оди заедно со нас до најважната победа во нашите животи, тоа ќе биде победа над самата идеја за војна“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина инсистираше да се набават борбени авиони за да се обезбеди победа на неговата земја над Русија.

Тој, исто така, изрази благодарност до британскиот народ за поддршката од првиот ден против инвазијата на Москва.

Поврзани вести