1 кг компири
5 тврдо варени јајца
2 главици црвен кромид
8 кисели краставички
1 кисело јаболко
80 г мајонез
1 лажица маслиново масло
1 лажичка сол
1/2 лажичка мелен црн пипер
Оделно сварете ги компирот и јајцата. Откако ќе се изладат исечкајте ги на ситни парчиња и ставете ги во сад. Додадете ги солта и мајонезот и промешајте.
Сите останати состојки за салатата исечкајте ги на многу ситни парчиња и додадете ги во садот. Наросете црн пипер, додадете го маслото и промешајте ја салатата.