Повеќе од десет членки на ЕУ против визна либерализација на Косово

На либерализацијата на визниот режим за Косово се противат повеќе од десет земји членки на Европската Унија. Приштинскиот весник “Зери“ пишува дека ова било објавено на неодамнешните состаноци во Брисел, додавајќи дека одлука за укинување на визите не може да се случи годинава.
Според весникот, граѓаните на Косово очекуваат дека годинава ќе биде одлучено за либерализацијата, но малку е веројатно дека тоа ќе се случи бидејќи процесот за донесување одлука внатре во Европската Унија е блокиран поради неподготвеноста на неколку земји членки.
“Зери“ потсетува дека иако визна либерализација најавија претседателот на Косово, Хашим Тачи, претседателот на Парламентот, Кадри Весели, и премиерот Рамуш Харадинај, ниту еден официјален претставник од ЕУ не даде такво ветување, ниту пак, беа прецизирани рокови кога Косово би се ослободило од визите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.