Иако многу претходни студии докажаа дека умереното внесување на кафе придонесува за нашето здравје и нема да нанесе голема штета, новото истражување откри дека пиењето три или повеќе шолји кафе дневно може сериозно да ги оштети бубрезите.
Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието JAMA Network Open, опфати 1.180 возрасни лица на возраст меѓу 18 и 45 години кои имале нетретирана хипертензија од прв степен, односно висок крвен притисок.
Иако студијата траеше приближно 16 години, секој од учесниците беше проверуван за време на следењето во период од седум и пол години.
Во тоа време, оние кои стојат зад студијата бараа хиперфилтрација (стапка на гломеруларна филтрација која се смета за повисока од нормалната), албуминурија (премногу албумин во урината) и хипертензија, кои сите се вообичаени знаци на бубрежна дисфункција и бубрежна болест.
Додека ги проучувале резултатите, научниците најпрво забележале дека варијантата rs762551 на генот CYP1A2 е присутна кај околу 50 проценти од учесниците, што значи дека нивните тела не исфрлаат кофеин толку брзо како што обично би било.
Тие исто така откриле дека оние кои побавно лачат кофеин имале 2,7 пати поголема веројатност да развијат бубрежна дисфункција ако пијат три шолји кафе на ден или повеќе, секој ден.
Поточно, тие имале 2,5 пати поголема веројатност да имаат хиперфилтрација, 2,7 пати поголема веројатност да развијат албуминурија и 2,8 пати поголема веројатност да се соочат со хипертензија.
„Оваа студија покажува дека кафето, доколку се консумира прекумерно, може сериозно да ги оштети бубрезите“, предупредува д-р Сара Махдави, истражувач од Одделот за социјална и семејна медицина на Универзитетот во Торонто, која е и главен автор на споменатото истражување.