Повеќе од 1.300 летови беа откажани денеска, а стотици беа одложени ширум САД откако невремето покри голем дел од земјата со обилен снег и мраз, пренесува Њу Јорк Пост.
Откажани се вкупно 1.339 летови, а одложени се 606 летови заклучно со 6:45 часот по средноевропско време, според веб-страницата за следење летови FlightAver.
Поради снег, мраз, ветер и ниски температури, сообраќајот на патиштата од централните и јужните држави сè до источниот брег е отежнат, што доведе до затворање на училиштата и владините канцеларии во неколку држави, пренесе АП.