четврток, 12 ноември 2026
Најново

Xiaomi Mix Flip 2 ќе има значително поголема батерија, ќе биде потенок и полесен од својот претходник

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Xiaomi се подготвува да го претстави наследникот на преклопниот смартфон Mix Flip, кој ќе донесе значителни подобрувања.Според типстер на социјалната мрежа X, претстојниот Mix Flip 2 ќе има капацитет на батерија од 5.600 до 5.700 mAh, што е значително поголемо во споредба со батеријата од 4.780 mAh во „оригиналниот“ Mix Flip.Покрај тоа, Mix Flip 2 ќе биде потенок и полесен од неговиот претходник. За споредба, дебелината на моделот Mix Flip е 7,6 милиметри кога е отворен, или 16 милиметри кога е преклопен, а тежи 190 или 192 грама, во зависност од верзијата.Исто како и првиот модел, MIx Flip 2 ќе се продава на пазарите ширум светот, не само во Кина. Аналитичарите очекуваат уште еден многу добар паметен телефон од работилницата на Xiaomi.

Поврзани вести