Повеќе од 45 возила на КФОР влегоа на северот на Косово

Од командата на КФОР во Приштина соопштија дека неколку десетици оклопни и транспортни возила тргнале утрово кон базата на КФОР во Лепосавиќ и дека станува збор за „редовна активност што се случува во согласност со проценката на безбедносната ситуација“. Покрај борбените возила тие носат и опрема за блокади и правење на пречки, како градежни машини, багери и жица.
На социјалните мрежи КФОР соопшти дека спроведува редовна обука за да биде подготвен за брзо распоредување низ цело Косово во согласност со Резолуцијата 1244 на СБ на ОН. На својот Твитер профил тие напишаа дека конвоите вчера тргнале кон Призрен, а денес кон северот на Косово. Командантот на здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Џејмс Фого, вчера рече дека формирањето на војската е нешто за што „суверено одлучува“ Приштина.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.