Од синдикатот изјавија дека се ближи рокот во кој универзитетскиот сектор треба да се договори за зголемување на платите, или во спротивно ќе се организира штрајк.
Генералниот секретар на Синдикатот на универзитетите и колеџите, Џо Грејди рече дека синдикатот бара зголемување на платите откако работодавците одобрија пораст од само три проценти во време кога инфлацијата е двоцифрена.
Во Велика Британија минатиот месец почна најголемиот бран штрајкови во последните децении во голем број сектори, вклучувајќи ги здравството, железничките и граничните служби, а работниците бараат зголемување на платите во согласност со инфлацијата, која е на највисоко ниво во последните 40 години и достигна 10,7 отсто во ноември.
Британската Влада соопшти дека зголемувањето на платите во согласност со зголемената инфлација само ќе поттикне натамошно зголемување на цените и каматните стапки на отплатата на хипотеките.