„Повеќе се грижат за шопингот отколку за здравјето“

“Апелирам, голем број, десетина илјада луѓе денес ги посетат сите трговски центри…“
Пејачката Марија Шерифовиќ се обратила по пат на социјалната мрежа Инстаграм и бесно апелирала на своите граѓани кои денес побрзале во трговните центри поради големите попусти.
Денес е црн петок, ден во годината кој едвај го чекаат љубителите на шопинг. Но и покрај пандемија на корона вирус, трговските центри оваа година биле полни со луѓе кои чекале во редови за влез во продавниците како би купиле нешто на намаление.
Марија како и во повеќе случаи се шокирала кога видела фотографија од гужви во трговските центри кои кружат на интернет и снимила видео сакајќи да им се обрати на сите луѓе кои не марат за својот животот.
– Апелирам до големиот број, десетина илјада луѓе денес да ги посетат сите трговски центри, кои работат до 21 часот. Задолжително да купите повеќе крпи и евентуално да умрете за две недели – рекла Марија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.