Повторно топол бран, од средината на следната недела до 41 степен

УХМР најавува период на претежно стабилно и многу топло време со пораст на дневните температури. Како што информира, особено топло се очекува да биде од средината на следната недела кога наместа ќе биде 40 степени.
Во четврток и петок максималната температура ќе достигне 41 степен, а утринските ќе се искачат до 24.
За денеска попладне се прогнозира можна изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.